Свечена промоција во Универзална сала на дипломираните студенти и магистранти од генерацијата 2009/2010
Мисијата за создавање на стручен и професионален кадар, кој храбро ќе се соочи со предизвиците, што ќе се појават во нивниот понатамошен професионален пат, уште еднаш беше потврдена на промоцијата на дипломираните студенти и магистри, од академската 2009/ 2010 година, при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Ректорот на Универзитетот Проф. Д-р Аце Миленковски, и официјално го одржа последниот академски час со студентите, кои пак, давајќи свечена заклетва ја исполнија последната задача кон Универзитетот, со ветување дека чесно и одговорно ќе ги извршуваат идните работни обврски.
На свечената церемонија, што се одржа во Универзалната сала во Скопје, на најдобрите студенти на прв и втор циклус студии, им беа доделени пофалници и награди, а за најдобар, односно со титула Summa Cum Laude, беше прогласен студентот од Економскиот факултет, Никола Ѓоргиевски. По него следуваа, Анастасија Митевска, Елена Џуковска, Моника Марковска, Ирена Сечкова, Кристина Варналиева и Љупчо Миленковски. Најдобариот, пак, студент на вториот циклус студии, односно титула Summa Cum Laude, ја понесе Анита Димишкова од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
Добитниците, за највисоките признанија, во свое, но, и во името на сите студенти, во своите обраќања искажаа посебна благодарност кон Ректорот, и наставниот кадар на Универзитетот, за нивниот несебичен придонес во давањето на стручно знаење и квалитет.
Свечената церемонија за доделување на дипломите беше збогатена со презентација на активностите кои Универзитетот ги реализираше во изминатите години, која имаа можност да ја проследат видните гости, како и семејствата и пријателите на студентите кои беа присутни на промоцијата.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/435-2012#sigProId3188271c36