На УТМС предавање одржа директорот на Управата за јавни приходи на РМ, Горан Трајковски
Под мотото “Твој данок, твоја иднина“, на 19.03.2013 година, на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, пред студентите, професорите и присутните гости, предавање одржа директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија, г-дин Горан Трајковски. Посетата на г-дин Трајковски се реализира во рамките на програмата на УТМС, за повикување на гости-предавачи, кои пред присутните, особено пред студентите на УТМС, презентираат дел од своето знаење во областа во која што се експерти.
Од името на УТМС, гостинот предавач, директорот на Управата за јавни приходи г-дин Горан Трајковски, студентите и останатите гости, ги поздрави Ректортот на Универзитетот Проф. Д-р Аце Миленковски, кој го потенцира значењето на ова предавање, кое, како што рече, ќе биде од особен придонес во добивањето нови знаења и информации за студентите од Факултетот за економија, но и за студентите од сите останати факултети од УТМС.
DSC 1438Својата презентација директорот на УЈП ја започна со преставување на оваа институција, која функционира како составен дел на Министерството за финансии, од нејзиното формирање па се до денес, при тоа потенцирајќи ја визијата истата да стане модел за професионално организиран јавен сектор, согласно практиките и стандардите на Европската Унија. Напоредно со тоа, како што потенцираше Трајковски оди и кодексот на етиката кој подразбира професионалност и услужност, но за да може истиот да функционира или, пак, да биде пример, мора да се тргне од оние кои го промовираат, односно вработените во Управата за јавни приходи. Токму затоа вели тој, инсистираме нашите вработени да бидат првите кои што ќе ги платат давачките кон државата.
Презентирајќи ја модернизацијата на Управата за јавни приходи, како институција која се наоѓа меѓу чеканот и наковалната или меѓу очекувањата и можностите, г-дин Трајковски ја образложи постапката преку која се собираат паричните средства за државата, со што се полни буџетот на Република Македонија. Во оваа насока и се движат очекувањата на Управата, која во иднина планира зајакнување на административните капацитети, со цел, држење чекор пред сите.
DSC 1483Сепак, како најинтересен дел од предавањето на директорот на УЈП, г-дин Трајковски, беа финансиските измами, за кои, како што потенцира, влијае и глобализацијата на светската економија која револуционерно го менува финансискиот криминал. Токму затоа, рече Трајковски, потребно е будно следење на движењето на финансиите, што подразбира поврзување на националните економии, бидејќи финансиските криминалци ги бараат и користат слабостите на финансисите системи во некои земји, во однос на другите држави. Особено впечатливи се ДДВ измамите кои се широко распространети како нелегална активност, а со кои се овозможува празнење на државната каса, преку прикажување на фалсификувани документи зад кои не постои реална трансакција. Но, со цел за справување со измамите, УЈП ги зајакнува своите капацитети преку воведување на посебни критериуми или филтри, со кои навремено се откриваат, односно регистрираат трансакциите на фиктивните компании.
Токму во оваа насока е и отворањето на форезничката лабараторија, која, преку брзиот равој на технологијата и техниката, овозможува многубројни информации, книжења и други евидентирања да бидат обработени и зачувани во најразлични дигитални уреди, со што, подоцна ќе се овозможи навремено откривање на даночно затајување.
DSC 1473И ова предавање, како и сите претходни, е уште еден доказ за посветеноста на УТМС за максимално можно проширување на знаењата на студентите, не само низ предавањата на наставниот кадар при УТМС и научно истражувачките практикуми, но и низ оваа форма на гости предавачи, експерти од различни области. Важноста на предавањето на г-дин Горан Трајковски, како директор на УЈП, не треба посебно да се нагласува, со оглед на тоа дека секој поединец или компанија има обврска да плаќа данок, а запознавањето со системот на плаќањето даноци е од особена корис за секој што планира да се занимава со каков било бизнис во иднина.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/416-borba-protiv-sovremenite-formi-na-finansiski-izmami#sigProId3678e2d0aa