УТМС НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО М6 ОБРАЗОВНИОТ ЦЕНТАР

    “Филантропија, корпоративна одговорност и социјални промени: Моќта на вмрежување”
    Во М6 образовниот центар на 23 јуни 2014 година се одржа конференција насловена како “Филантропија, корпоративна одговорност и социјални промени- Моќта на вмрежување”, чија главна цел беше да ги собере бизнисот и невладиниот сектор како би се промовирала корпоративната и социјална одговорност, како алатка за бизнисите.
    На конферецијата присуствуваа ограничен број на претставници од бизнис и невладините организации и секако Универзитети, меѓу кои и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. За УТМС ова е прво учество на конференција со ваква порака, а како нејзини претставници присуствуваа Проф. Д-р Сашо Кожухаров, и студентите Ардијана Мустафа, Јане Митрески, Емилија Дукоска и Васил Трпчевски.

    Конференцијата имаше значајна улога во процесот на сензибилизрање на различните профили, за придобивките и потребата на концептот за филантропијата, потоа корпоративната одговорност и социјалните промени, користејќи го долгогодишното искуство и знање на меѓународните експерти, излагањето на два претставници од бизнис секотрот, НВО секторот и државните институции. Исто така, дополнителното излагање на истражувачи и академци од перспектива на теоријата и статистиката, придобивките и предизвиците на примена на ООП во рамки на стратегиите на компаниите. Пораката на конференцијата беше од голема корист за повеќето бизнис и невладини организации во Македонија, па за таа цел имаше онлајн стриминг на веб платформата, која беше од големо значење за воспоставување интеракција меѓу присутните.

    Првиот дел од конференцијата, започна со обраќање на ко-директорот на Либералниот Алтернативен Институт, Ениса Бајрами која им посака добредојде на учесниците и воедно го претстави тимот на меѓународни експерти – предавачи. Официјално почетокот на конференцијата, со воведно излагање го означи Германскиот Амбасадор во Република Македонија, Гудрун Штајнакер. Таа ја нагласи важноста на конференцијата при споделувањето на најдобрите меѓународни практики во полето општествената одговорност како и врз зајакнувањето на вештините и компетенциите на бизнис секторите во Германија.

    Првата сесија предавања започна со предавањето на проф. Д-р Абдулменах Беџети, од Југо - Источниот Европски Универзитет во Скопје на тема “Филантропијата: Корпоративни државјанство и корпоративната социјална одговорност”. На истава оваа тема излагање имаше и проф. Д-р Маја Савеска од Универзитетот Харвард.
    Со оглед на фактот дека филантропијата и општествената одговорност не се многу користени во практика, во контекст на бизнисите во Македонија или НБО сектори, панелот се осврна на придобивните кон бизнисите преку ООП и активностите на НБО секторот и средствата на локалните донатори.
    Втората сесија беше предводена од раководител на аеродромот во Скопје – ТАВ, М-р Курт Неџат, Дојранка Анастасовска претставник од ЕВН Македонија и Трифун Костовски претставник на Фондација Костовски. Чие излагање беше концентрирано на тема “Oпштествено одговорни бизниси: Споделување најдобри практики”. Во овој панел беа презентирани некои примери со филантропски активности во Македонија. Дополнително претставниците од меѓународните компании во Македонија се изјаснија за стратегиите на нивните компании и ООП на меѓународно ниво и на придобивките кои доаѓаат преку нив.

    Третата сесија на конференцијата беше предводена од Никица Кусиникова, претставник на “Global Compact Network Macedonia”, којашто ги претстави активностите, напорите и достигнувањата на невладините организации заедно со локалните донатори преку филантропијата и ООП. Исто така некои лидери на НБО дискутираа за потребата за вмрежување со локалните и меѓународните бизниси како потенцијални донатори.

    Конференцијата се заокружи со инспиративниот завршен говор на ко-директорот на Либералниот Алтернативен Инститит, Орхан Чека кој им честиташе на учесниците и ја нагласи важноста на двете главни групи: бизнис секторот (двете локални и меѓународни кои работат во Македонија), Министерство за труд и социјална политика и / или Министерството за економија, НВО секторот (и хуманитарни и невладини хуманитарни) и академици и истражувачи.

     

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај