Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ
Во Државниот завод за статистика на 30 јуни 2014 година се одржа Твининг проект насловен како “Поддршка на државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на Европската Унија.”, на кој со свои преставници учествуваше и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, односно студентите Ардијана Мустафа, Јане Митрески и Емилија Дукоска, придружувани од Деканот на Економскиот факултет. Проф. Д.р Сашо Кожухаров.
Во имплементација на твининг проектот учествуваа вкупно 82 краткорочни експерти организирани во четири компоненти, со статистичари од осум земји членки. Проектот беше имплементиран од “DESTATIS”, во конзорциумот со Статистичкиот завод на Данска како помлад партнер, потоа Заводите за статистика на Чешката Република, Франција и Бугарија, кои се јавуваат како дополнителни партнери и Државниот завод за статистика како партнер корисник.
Имплементацијата на ЕУ финансискиот твининг проект “Поддршка на државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ” е финансиран од Европската унија во рамките на ИПА 2009 програмата со буџет од 1.2 милиони евра. Истиот започна во август 2012 година а се предвидува да заврши во август 2014 година.Неговата главна цел е да се унапреди процесот на донесување одлуки и да се даде поддршка на демократските процеси во државата преку развивање на сеопфатен, одржлив и сигурен статистички систем.
На семинарите зборуваа: Г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика и експерти од земјите-членки Г-дин Ринго Раупах, проект лидер на земјата лкенка, раководител на секторот за Сојузниот завод за статистика на Германија, Г-ѓа Шарлот Џул Хансен, полмад раковидител на проектот, постар советник во статистичкиот завод на Данска, Д-р Бернд Рихтер, постојан твнинг советник, раковидотел на работната група на Државниот завод за статистика на слободната покраина Саксонија и Г-ѓа Татјана Велкова-Јованчевска, партнер на постојаниот твнининг советник, помлад соработник во Државниот завод за статистика, кои во изминатите две години заедно работеле на Проектот и на проектните резултати.