Согласно годишната програма за работа на Економскиот факултет на УТМС, денес, 22.11.2017 година, студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беа во посета на Царинската управа на Република Македонија.
Началникот на секторот за обуки на Царинската управа на Република Македонија, г-ѓа Жаклина Андеска, пред студентите одржа предавање на тема: Организација, структура и активности на Царинската управа на Република Македонија, која предизвика исклучителна заинтересираност и учество, како и препораки врзани за системите и начинот на активно вклучување во сите сегменти на Царинскиот систем.
Економскиот факултет на УТМС перманентно го реализира договорот за соработка со Царинската управа на Република Македонија, кој беше потпишан на 27.09.2008 година (на Светскиот ден на туризмот).
https://ef.utms.edu.mk/vesti/328-studentite-od-utms-na-praktichna-nastava-vo-carinskata-uprava-na-republika-makedonija#sigProIdba54e79c2a