На 26 март 2026 година се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет на која беа отворени значајни прашања поврзани со развојот на факултетот и поддршката на студентите. Во фокусот на дискусијата беа можностите за проширување на составот на Одборот, со цел вклучување на уште поголем број релевантни професионалци од различни индустрии. Посебно внимание беше посветено на унапредување на практичната настава и создавање нови можности за стекнување работно искуство, како и олеснување на вработувањето на дипломираните студенти. Преку отворена и конструктивна размена на идеи, членовите на Одборот ги споделија своите знаења и искуства, давајќи конкретни предлози за зајакнување на врската меѓу академската средина и бизнис сектор. Особено значајно е што членовите изразија подготвеност активно да се вклучат во наставниот процес како гости-предавачи, со што студентите ќе имаат директна можност да учат од истакнати бизнис професионалци.
Економскиот факултет на Универзитетот Скопје останува посветен на создавање современа, динамична и практично ориентирана образовна средина, која ги подготвува студентите за успешна кариера.

