Седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет се одржа на 13.03.2019 година со почеток во 16:00 часот.
На состанокот беа претставени новите членови на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје: м-р Марија Стојаноска (Биро за јавни набавки), м-р Симонида Георгиевска (КАУНТ-финансиско, ревизорско и сметководствено консултатско институционално тело), м-р Бесим Билали (Македонска банка за подршка на развојот) и м-р Кире Костов (Биро за судски вештачења). За Претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше избран д-р Зоран Нарашанов.
Седницата се одвиваше согласно предлозите поврзани со спроведување на уписната политика за академската 2019-2020 година. Согласно Годишната програма за работа на факултетот предмет на дискусија беше реализација на практичната настава на студентите во компании и институции во функција на апликативност на стекнатите теоретски знаења.