Економски факултет, при Универзитетот за туризам и манеџмент од Скопје се грижи за целосно и квалитетно извршување на практичната настава на своите студенти во соодветни институции. Со целосна посветеност на менторот од Стопанска банка во Радовиш, студентката Мартина Николова од прва година на Економски факултет, успешно ја реализира задолжителната пракса во оваа финансиска институција.
Со големо задоволство и мотивација студентите од УТМС се обидуваат наставните вештини да ги применат и во практичната настава, при што имаа можност да се запознаат со организациските активности, брокерските услуги, правни и физички лица, е-банкингот и платежните картички.
Обврските и активностите дадени од менторот, студентите секој ден ги бележат во е-дневникот во склоп на праксата.