Во рамките на пропулзивниот настап и излегувањето во пресрет, осовременувањето на наставните содржини, апликативноста и атрактивноста на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 11.11.2011 година, се формираше Advisory board-от, кој брои 10 членови, а претседател е господин Ванчо Каргов.
Полицентричноста на советодавното тело овозможува, низ активно и актуелно согледување и надградба, единство на критички (позитивно целесообразени) инкорпорирања на насоките и тенденциите на развојот на стопанството и нестопанските институции и организации во национални и меѓународни рамки, како предизвик на Универзитетот и Економскиот факултет кон непосредното и директното вклучување на студентите во иманентните потреби (сегашни и идни) на пазарот, како катализатор на базично поставените академски програми и практики.